Трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн која требаше да се одржи во ноември оваа година е откажана.

Оваа вест ја потврди владата на сојузната австралиска држава Викторија, а причината е бидејќи не може да се испочитуваат безбедносните и карантинските протоколи кои се поврзани со коронавирусот. Покрај трката во Формула 1, откажани се и трките во Мото ГП шампионатот кои требаше да се одржат во октомври.

– Жал ни е што мораме ова да го објавиме, но немавме друго решение Не можеме да ставиме во карантин преку 1.600 лица кои се поврзани со трката во Формула 1, а истото важи и за Мото ГП шампионатот – изјави Мартин Пакула, министер за спорт и туризам во владата на Викторија.

Иако е откажана трката во Австралија, челниците на Формула 1 инсистираат дека ќе биде пронајдено решение и сезонава ќе се одржат сите 23 трки кои се предвидени во календарот.
„Разочарани сме поради ваквиот развој на ситуацијата во Австралија, но веруваме дека наскоро ќе објавиме која патека ќе биде замена за Мелбурн“, соопшти Формула 1.

Трката во Мелбурн првично беше преместена од март кога традиционално на „Мелбурн парк“ започнува новата сезона во Формула 1, и тоа поради пандемијата на коронаворусот. Но, на крајот, втора година по ред нема да игра Ф1 трка во Австралија.