Камионите на автопатот помеѓу германските градови Купенхајм (Kuppenheim) и Гагенау (Gagenau), можат да се движат слично како тролејбусите – со закачување на електрична мрежа што е експериментално поставена. Станува збор за експериментални камиони кои имаат дизел и електричен мотор истовремено, како и пантограф што ги поврзува со мрежата, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.
Во моментов, пет вакви камиони се тестираат на дел од автопатот долг 3,4 километри, како дел од експериментот познат како „иХајвеј“ („eHighway“) спроведен од „Сименс“ („Siemens“) и „Пауерлајнс („Powerlines), а финансиран од државата.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=NHSofIc31rw[/embedyt]
Третиот дел од експерименталната мрежа неодамна е завршен и на овој начин камионите можат директно да користат електрична енергија од мрежата за движење, но и за полнење на батерии, пренесува „Automotive world“.
Покрај овој автопат, истите системи веќе се тестираат на уште две други места, автопатот во близина на аеродромот во Франкфурт (Frankfurt airport) и делот од автопатот помеѓу Рајнфелд (Rheinfeld) и Либек (Lübeck).
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=HbgxcyZP0_Y[/embedyt]
Планот е до 2023 година, 300 километри автопати во Германија да имаат таква мрежа, додека до 2030 година, се препорачува мрежата да се гради на 4.000 километри автопати.
„Sputnik“
„Dubai-Portal“








