Апликацијата „сертификат за вакцинација“, подготвена од Европската Унија (ЕУ) за олеснување на патувањето во време на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) денеска стапи во сила, известува Агенција Анадолија (АА).

Апликацијата за сертификат за вакцинација што се користи за патувања во рамките на границите на ЕУ официјално стана оперативна.

Пред влегувањето во авионот за патувања од земјите на ЕУ ќе биде потребно да се покаже сертификатот.

Бесплатниот „EU Digital Covid Certificate“ се подготвува во хартиена или дигитална форма.

Со цел да се спречи дискриминацијата, лицата кои не се вакцинирани исто така можат да имаат сертификат.

Сертификатот за вакцинација содржи податоци што информираат дали лицето е вакцинирано со вакцина за заштита од Ковид-19, и ако е, каде и со која вакцина. Во исто време документот покажува дека луѓето биле заразени со коронавирусот, ја прележале болеста и за негативниот резултат од тестот.

ПЦР-тестовите за Ковид-19 можат да се направат до 72 часа пред патувањето и да се дефинираат на сертификатот.

Од друга страна, брзите антиген тестови можат да се направат до 48 часа однапред, а секоја земја одделно одлучува за признавањето на овој тест.

Благодарение на сертификатот, врз луѓе кои се вакцинирани со вакцините на „Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19 кои се одобрени во ЕУ и поминале две недели од примањето на последната доза, при патувањата не се применуваат ограничувања како што се дополнително тестирање или карантин.

Сертификатот им се издава на граѓаните на ЕУ, нивните семејства, без разлика од која земја членка потекнуваат. И лицата што престојуваат во ЕУ, а не се државјани на некоја од земјите членки на ЕУ, имаат право да патуваат во други земји на ЕУ.

Валидноста на сертификатот за вакцинација, покрај во земјите на ЕУ, важи и во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

Сертификатот е подготвен на англиски јазик заедно со јазиците на земјите членки.

Засега сертификатот е со важност од 12 месеци и се проверува за време на патувањата.

Во тек се преговори за заемно признавање на сертификатите на ЕУ со земји надвор од Унијата.

Од друга страна, во иднина, со цел да се заштити јавното здравје, можно е земјите да воведат дополнителни мерки и да применат дополнителни мерки врз имателите на сертификати.