Украинскиот парламент го усвои Законот „За автохтоните народи на Украина“, во кој не спаѓаат Русите, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.

Иницијативата за усвојување на Законот, дојде од претседателот на Украина, Владимир Зеленски, а на денешната вонредна седница, законот го поддржаа 326 пратеници на Рада. Потребниот минимален број на гласови е 226.

Според процедурите, законот на крајот треба да го потпише претседателот.

Законот ги дефинира правата на домородните народи и кога беше доставен до парламентот, тој беше означен како итен.

Нацрт-законот наведува кои се првичните луѓе на Украина – тоа е автохтона етничка заедница која потекнува од територијата на Украина, има свој оригинален јазик и култура, традиционални, социјални, културни и репрезентативни тела, се гледаат  како оригинални луѓе на Украина, претставува етничко малцинство во рамките на населението на земјата.

Одделно, овие народи потекнуваа од територијата на Крим, како што се Кримските Татари, Караитите и Кримчаци.

Овие народи имаат право на самоопределување во Украина, да го градат својот политички статус во рамките на Уставот и државните закони и слободно да постигнуваат економски, социјален и културен развој.

Со документ им се гарантира на правото на домородното население да имаат свои образовни институции и да се образуваат на свој јазик, како и да имаат свои медиуми.

Државата, пак, се обврзува да им гарантира заштита од геноцид.

Да потсетиме, рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека има негативен став за идејата на украинскиот претседател, Владимир Зеленски, да ги исклучи Русите од списокот на автохтони народи во таа земја и изјави дека поделбата на народите на автохтони и не – автохтоно личи на нацистичка Германија.


„Sputnik“
„Dubai-Portal“