Канадската компанија „Магна“ која се занимава со производство на автомобилски ретровизори отвора фабрика во индустриската зона во Струга.

Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко денес објави дека канадската компанија „Магна“ ќе инвестира 35 милиони евра и ќе создаде 1200 нови работни места во Струга.
Реализацијата на оваа инвестиција ќе има големо влијание врз локалната економија во Струга и околниот регион. Ова значи намалување на невработеноста и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Менаџментот најави распоредување на нови технологии во новата фабрика во која ќе се произведуваат делови за автомобилската индустрија, што значи најсовремени процеси во земјата.

Фабриката треба да почне со работа кон крајот на годинава а во компанијата веќе се вработени 40 лица, но согласно бизнис планот  се планира да се отворат над илјада и 200 работни места.

Премиерот Зоран Заев изјави исто така изјави дека инвестицијата на „Магна“ во Струга е потврда за добрите економски политики на Владата, а самата инвестиција ќе придонесе за соработка со домашните компании.

„Магна интернешнел произведува ретровизори и други технолошки производи за потребите на автомобилската индустрија поточно за Џенерал Моторс, Форд, БМВ, Тојота, Фолксваген, Хонда и многу други познати брендови. Производството на првите производи од Северна Македонија ретровизори за Дачија Дастер е планирана кон крајот на 2021 година. Инвестицискиот циклус на „Магна“ започна во март 2021 и ќе трае до 2026 година а објектот кој ќе се гради ќе биде со големина од околу 17 илјади метри квадратни. Придобивките од оваа инвестиција се бројни а едно од нив е интензивирање на соработката со домашните компании“, истакна Зоран Заев.


Tv 21 – Opstina Struga