Група италијански и пакистански експерти пронашле монети, оружје и многу повеќе во долината Сват по повеќегодишни истражувања, изјави пакистанскиот археолог Нијаз Шах. Засновавме на историски референци и историски факти дека Грците живееле тука како заедница, изјавил Шах. Одбранбените sидови околу градот и пронајденото оружје доведуваат до заклучок дека тој може да биде дел од армијата на Александар.

Градот подоцна стана спој на индиските и грчките цивилизации кога областа ја презедоа локалните будистички комуни, рече археологот. Заедницата од 4.000 луѓе наречена Калаш, за која се верува дека е потомство на војниците на Александар, сè уште живее во долините на Хималаите во Пакистан, но Сват е прв од ваков вид што е откриен.

Друго археолозите во северозападен Пакистан открија урнатини на град поврзан со грчкиот воен лидер Александар Велики чии трупи поминаа низ областите под Хималаите пред повеќе од две илјади години.