Москва денес ја погоди силен ураган, многу улици и метро станицата „Јасењево“ се под вода, а гром погоди трафостаница во предградието на Шчелково. Поради удар на гром 15.000 потрошувачи останаа без електрична енергија , пренесува Спутник. Силен ветер соборил неколку дрвја и билборди, оштети неколку излози, соопшти службата за итни случаи за ТАСС.

Метро-станицата е затворена од безбедносни причини. Министерството за вонредни ситуации издаде предупредување за обилни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а според прогнозите во Москва се очекува да паѓаат 70 проценти од месечните врнежи.