Единствениот начин да се реши сирискиот конфликт, е преку политичко решение во согласност со резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ООН, рече министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.

Принцот, Фајсал Бин Фархан, го даде својот коментар за време на заедничкиот министерски состанок за Сирија, вчера во Рим.

„Отсуството на ефективна меѓународна волја за решавање на сириската криза“, објасни Бин Фархан, „придонесе за можноста некои страни да спроведат експанзионистички, секташки и демографски проекти насочени кон промена на идентитетот на Сирија и најавува пролонгирање на сириската криза и неговите регионални и меѓународни ефекти“.

Државната агенција „Saudi press“, објави дека тој ја истакнал важноста на меѓународниот консензус за запирање на страдањата на сирискиот народ.

„Исто така е важно да се постигне решение за кризата на граничните премини и да се обезбеди проток на меѓународна помош за оние што го заслужуваат тоа“, рече тој

Саудиска Арабија беше една од регионалните земји кои ги прекинаа дипломатските врски со Сирија, по почетокот на сириската револуција во 2011 година и бруталното сузбивање на мирните протести од страна на режимот на Башар Ал-Асад. Последно, исто така, го суспендираше членството на Сирија, во Арапската лига.

Бидејќи групите на сириската опозиција се туркани подалеку на север, Асад ја врати контролата над поголемиот дел од неговата поранешна територија со помош на Русија и Иран, па некои држави во регионот ги обновија своите односи со режимот.

Обединетите Арапски Емирати, на пример, повторно ја отворија својата амбасада во Дамаск во 2018 година, а Оман минатата година го именуваше својот пратеник во Сирија. Позицијата на Ријад во врска со Сирија е комплицирана, бидејќи Кралството се воздржува од обновување на врските со Асад, велејќи дека е премногу рано да се стори тоа.

Работите станаа појасни во мај кога саудиска делегација го посети Дамаск, за да се состане со Асад за плановите за повторно отворање на амбасадата во главниот град на Сирија. Потоа следуваше сириска делегација која го посети Кралството за прв пат по една деценија. Советник на Асад оттогаш потврди дека двете држави прават напори да ги подобрат своите односи.


„MEMO“
„Dubai-Portal“