БАКУ (АА) – Вооружените сили на Турција и Азербејџан одржуваат заеднички воени вежби во Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Министерството за одбрана на Азербејџан, во Баку започна заедничката воена вежба наречена „Мустафа Кемал Ататурк 2021“, планирана во рамките на воената соработка меѓу двете земји.
Во вежбата учествуваат 600 војници, околу 40 тенкови и оклопни возила, околу 20 топови, 7 борбени и персонални хеликоптери и 50 возила, а основна цел е да се подобри интеракцијата на армиите на двете земји за време на борбените операции и да се подобрат вештините на командантите за донесување одлуки и управување.
Вежбата, во која исто така ќе се користат и беспилотни летала, ќе трае до 30 јуни.
Anadolu Agency










