Исламската заедница во Србија (ИЗуС) објави дека на надворешниот зид на зградата на Меџлисот и седиштето на муфтиството во Нови Сад се појавил графит со свастика. ИЗуС проценува дека „фашистичките графити секако претставуваат еден вид провокација и закана“. „Очекуваме итна реакција од надлежните органи, откривање на сторителите на овој срамен чин и нивна соодветна казна, што секако ќе внесе безбедност кај претставниците и припадниците на муслиманската заедница“, се вели во соопштението. Исламската заедница посочува дека муслиманите во Нови Сад живеат „во многу добри и коректни соседски односи со мнозинското српско население, како и со другите малцински заедници“.
(Вијести.ба)








