По неколкудневните протести во Палестина каде демонстрантите побараа оставка од владините претставници, министерот за труд Насри Абу Jaаиш поднесе оставка. Демонстрантите побараа и повлекување на претседателот Махмуд Абас. Тридневните протести против палестинската влада беа обележани со масовни апсења и смрт на еден од активистите.
Palestinian Authority security officers shot Middle East Eye journalist Shatha Hammad in the face with a gas canister as they dispersed protests in Ramallah on Saturday.
Hammad was covering a demonstration in Ramallah denouncing the death of activist Nizar Banat pic.twitter.com/xzcZDhgg7T
— Middle East Eye (@MiddleEastEye) June 26, 2021
Низар Банат, 43-годишник познат по видеа на социјалните мрежи во кои се осудува наводната корупција во палестинската влада, почина во четвртокот непосредно откако безбедносните сили упаднаа во неговата куќа и го приведоа насилно, соопшти неговото семејство. Во неделата вечерта, демонстрантите се спротивставија на големото распоредување на безбедносните сили, држејќи фотографии од активисти додека маршираат по окупираниот западен брег, во родниот град на Банат, Хеброн.
Во Рамала, седиштето на владата, демонстрантите побараа да бидат приведени одговорните за смртта на Банат, додека неколку приврзаници на партијата Фатах на Абас се собраа да извикуваат пароли за поддршка на претседателот. Според обдукцијата, повредите укажуваат на тоа дека Банат бил претепан по главата, градите, вратот, нозете и рацете и поминал помалку од еден час од апсењето до смртта, изјави патологот Самир Абу Зарзур.









