Крајниот рок определен од израелската окупација за уривање на домови на 13 палестински семејства во областа Ал-Бустан (Al-Bustan), во соседството на Сируан во Ерусалим, заврши во неделата. Семејствата сега се соочуваат со присилна депортација за да се пробие израелски археолошки парк.

Коментирајќи го ова прашање, активист од Ал-Араби (Al-Arabi), Ал-Џадид (Al-Jadeed) изјави дека населбата Ал-Бустан, во која живеат околу 1.500 палестински жители, има ризик да биде исчистена етнички.

На жителите од областа им беше даден рок, кој заврши во неделата попладне, да ги урнат сопствените домови; во спротивно, израелските сили би го извршиле уривањето и ќе им наплатат казна од 20.000 амерички долари.

Израелските судови за окупација издадоа наредби за уривање против уште 71 дом во истата област, без да прецизираат датум за имплементација.

Ова е дел од политиката на етничко чистење и ликвидација на арапското присуство во населбите во близина на џамијата Ал-Акса (Al-Aqsa), објави новинската агенција „ВАФА“ („WAFA“), наведувајќи дека ваквите мерки имаат за цел промена на демографската структура и зголемување на бројот на израелски доселеници во Ерусалим (Jerusalem).

Во областа Ал-Бустан, во Силван (Silwan), која се наоѓа јужно од стариот град во Ерусалим, живеат 119 семејства во 88 згради, под закана за уривање во корист на израелскиот археолошки парк.

Од 2005 година, граѓаните на Ал-Бустан добија предупредувања за рушење на скоро 90 домови под изговор за градење без дозвола.

Израелската окупациска општина Ерусалим , веќе официјално го смени името на Ал-Бустан, во Ган Хамелех (Gan Hamelekh) (Кралската градина), тврдејќи дека тоа било градина за израелските кралеви пред илјадници години.

Лоциран на југ, од стариот град во Ерусалим, во непосредна близина на неговите sидови, Силван има околу 33.000 жители на Палестина и со години е мета на израелските доселенички организации.

Во некои случаи, палестинските жители биле принудени да делат домови со доселеници, според новинската агенција „ВАФА“ („WAFA“).

Некои од овие семејства живеат во Силван повеќе од 50 години, откако беа раселени од Стариот град во 60-тите години на минатиот век.


„MEMO“
„Dubai-Portal“