Турската полиција употреби солзавец, за да ја растера толпата собрана на Парадата на гордоста, во центарот на Истанбул и приведе неколку лица кои сакаа да учествуваат во настан забранет од локалните власти.

Полицијата туркала и влечека луѓе, од кои некои вееја знамиња во боја на виножито, додека се собираа на улица близу централната авенија Истиклал, пренесува Reuters.
Приведени се околу 20 лица, меѓу кои и еден фоторепортер, објавија медиумите.

Турските власти во последните години неколку пати ја забрануваат Парадата на гордоста.


[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=V1w4yRAmziY[/embedyt]
„Hrt“
„Dubai-Portal“









