Египет: Се сруши града, загинаа најмалку пет жени

by Administrator

Најмалку пет жени загинаа кога се срушила петкатна зграда во египетскиот град Александрија, соопштија државните медиуми денеска.

Во извештајот „Ал Алрама“, се наведува дека освен петте жртви, има и повредена и жена. Спасувачите извлекле и три преживеани кои се пренесени во болница, а не е познато дали има уште луѓе меѓу урнатините.

Не е познато што предизвикало рушење, но АП додава дека вакви несреќи не се необични со оглед на лошите градби во оваа земја.


Tv „21“

You may also like