Работна група на малезиската влада, предложи измени и дополнувања на законот за шеријат во четвртокот, што ќе овозможи преземање активности против корисниците на социјалните мрежи за навреда на исламот и „промовирање на ЛГБТ животниот стил“, пишува „Reuters“, пренесува „Dubai-Portal“

Содомијата и истополовите односи се нелегални според малезискиот исламски закон во Малезија.

Измените и дополнувањата на шеријатските кривични закони беа предложени како одговор на објавите на социјалните мрежи кои ја слават лезбејската, гејската, бисексуалната и трансродовата заедница, како дел од месецот на „гордоста“ во јуни, се вели во изјавата на заменик министерот за верски прашања, Ахмед Марзук Шаари.

„Откривме дека одредени партии објавија статуси и графики кои го навредуваат исламот на социјалните мрежи, во нивните напори да го промовираат ЛГБТ начинот на живот“, рече тој.

Во Малезија живеат 32 милиони луѓе, каде што малајски муслимани сочинуваат повеќе од 60% од населението.

Има двоен правен систем, со исламски кривични и семејни закони што се применуваат, заедно со граѓанското право.

Ахмед Марзук, рече дека предложените закони ќе им овозможат на извршните тела да преземат мерки против секој муслиман „кој го навредува Исламот“ и прави други шеријатски злосторства „со користење на мрежни објекти, услуги преку Интернет или апликациски услуги“.

Владината работна група, чија цел е решавање на ЛГБТ-темите, исто така ќе ги идентификува ограничувањата со кои се соочуваат службените лица при преземање акција и ќе развие насоки за постапување по жалби, додаде тој.

Работната група вклучува претставници на Одделот за исламски развој на земјата, Министерството за комуникации и мултимедија, Канцеларијата на јавниот обвинител и полицијата.

Предлогот доаѓа во време на загриженост за растечката нетолеранција кон ЛГБТ заедницата во Малезија, во последните неколку години.

Во 2019 година, министерот и другите муслимански групи протестираа откако ЛГБТ активистите присуствуваа на маршот за Меѓународниот ден на жената.

Подоцна истата година, пет мажи беа осудени на затвор, тепање и парични казни за обид за геј секс.


„Reuters“
„Dubai-Portal“