Ирачкиот премиер, Мустафа Ал-Кадими (Mustafa Al-Kadhimi), објави дека неговата земја била на работ на граѓанска војна, поради конфликтите меѓу вооружените групи, истакнувајќи дека неговата влада се соочува со многу предизвици со цел да ги поштеди животите на Ирачаните, пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.
Во интервју за државниот канал „Ал Иракија“ („Al Iraqiya“), Ал-Кадими истакна дека е можно појава на конфликт меѓу Вашингтон (Washington) и Техеран (Tehran) на ирачко тло за време на администрацијата на Доналд Трамп (Donald Trump). Тој истакна дека страните се обидуваат да ги зголемат тензиите за да го претворат Ирак (Iraq) во арена за вооружен конфликт меѓу државите.
Ирачкиот премиер додаде дека неговата влада: „Има едногодишен мандат за време на кој се соочуваше со многу предизвици и обиди да ги попречи сите чекори за реформа“.
Борба против корупцијата
Ал-Кадими вети дека ќе оди напред во борбата против корупцијата дури и по цена да ја напушти својата влада, нагласувајќи дека земјата е на работ на граѓанска војна.
„Падот на Мосул (Mosul) во рацете на ДАЕШ (DAESH) летото 2014 година, беше предизвикан од корупција, непотизам и лошо управување и многу други проблеми. Дури и во секторот електрична енергија и други досиеја, откривме дека причината е корупција”, изјави ирачки офицјален претставник.
Тој потврди дека антикорупцискиот комитет води разни обвиненија, вклучително и тортура врз обвинетите и апсење на осомничени лица од една социјална компонента, додека во случајот на другите тоа изгледа на друг начин. Сепак, тој ги негираше основаноста на овие обвинувања.
Во август минатата година, Ал-Кадими формираше специјален комитет за испитување на главните досиеја за корупција и им ја додели задачата за извршување налози за апсење на специјалните сили предводени од премиерот.
„Дури и ако и се закани на владата, ние нема да ги суспендираме антикорупциските мерки и подготвени сме да жртвуваме сè“, рече премиерот.
Борбата против корупцијата е на врвот на барањата за масовни протести што избија во Ирак, од октомври 2019 година.
Ирак е меѓу најкорумпираните земји во светот, според индексот на „Транспаренси Интернешнл“ („Transparency International“), во последните неколку години.
„MEMO“
„Dubai-Portal“









