Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ООН) за Сирија, Геир Педерсен (Geir Pedersen), во петокот ја истакна потребата од проширување и продолжување на механизмот за помош за Сирија, со цел да се спасат милиони животи, пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.
Ова следеше по говорот на Педерсен пред сесијата на Советот за безбедност на ООН, што во моментов се одржува во постојаното седиште на меѓународната организација во Њујорк, за сириското досие.
Механизмот за испорака на прекугранична помош на ООН за Сирија, од граничниот премин „Баб Ал-Хава“ („Bab Al-Hawa“), на турската граница истекува на 11 јули.
„Големиот прекуграничен хуманитарен одговор треба да биде продолжен за дополнителни 12 месеци за да спаси животи, а вашето единство ќе биде клучно“, додаде официјалниот претставник на ООН.
„MEMO“
„Dubai-Portal“








