Израелската полиција нападна 12-годишно палестинско дете во населбата Силван, во источен Ерусалим, затоа што поставило палестинско знаме на неговиот велосипед додека се возел до блиската продавница за храна, за да купи леб, пишува „Anadolu Agency“, пренесува „Dubai-Portal“.

„Бев на велосипед, одев да купам леб кога тројца израелски полицајци ме бркаа затоа што го ставив знамето на [Палестина] на велосипедот“, рече Џавад ал-Абаси во извештајот доставен до болницата „Хадаса“, каде се лекува.

Момчето рече дека имал повреди на главата, вратот и нозете.

Џавад, исто така, за информативниот центар „Вади Хилвех“, во Ерусалим во друго сведоштво изјави дека израелската полиција го држела под оружје и го тепала „Се плашев дека ќе пукаат или ќе ме уапсат“, додаде тој.

Џавад рече дека минувачите морале да повикаат брза помош затоа што израелската полиција одбила, истакнувајќи дека тој се онесвестил пред да пристигне во болницата.

„Сега сум во болница и се плашам дека израелската полиција ќе дојде да ме уапси пред да го добијам потребното лекување“, рече момчето.

Израелската полиција не го коментираше инцидентот.


„MEMO“
„Dubai-Portal“