На три локации во Гевгелија, членови на граѓанските здруженија „Промени се’’ и „Спас за нас’’ поставија барикади и делеа флаери за да ја информираат јавноста дека се спремаат измени на законот за отпад а Гевгелија се планира како локација за преработка на отпад од увоз.

Тие цели два часа ги сопираа патничките возила што велгуваат и излегуват од Гевгелија и ги анимираа сопствениците а од пратениците побараа трезвено размислување кога ќе се носи законот.

Марина Томова од здружението „Промени“ се кажа дека гевгеличани веќе се изјасниле против тешка и загадувачка индустрија а денешните барикади се само предупредување доколку народните избраници не ја почитуваат нивната волја.

Преставниците на двете здруженија денеска изразија и загриженост од информациите дека е можно повторно отворање на рудникот Казан дол, а на фирмите кои се од овој сектор им порачаа дека нема да ги заплашат ниту пак замолчат со судски постапки, бидејки како граѓани сакат чиста и зелена Гевгелија.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=wHpeT2Ig1xw[/embedyt]


„24“