Над 15 штипски здравствени работници не добиле награда од 30.000 денари иако биле вклучени во битката со коронавирусот. Станува збор за медицински кадар што во Ковид центарот бил вклучен по 6-ти декември 2020-та година.
Дополнителниот список е испратен до Министерството за здравство, од каде се уште се чека одговор. Досега награда добија 220 вработени во штипската клиничка болница.
Од Министерството за здравство не откриваат дали и во други здравствени установи во државата има вакви случаи, но велат дека парите се пуштени до болниците врз основа на списоци кои раководствата сами ги изготвиле. Нема прецизен одговор од здравство дали сепак медицинскиот кадар кој дополнително бил вклучен во Ковид центрите ќе добие ваква награда.
„Министерството за здравство, не интервенираше во изготвувањето на списоците. Нив ги напишаа односно изготвија, и потпишаа раководните лица на сите јавно здравствени установи во државата“, велат од Министерството за здравство.
Во штипската модуларна болница во моментов се хоспитализирани само тројца пациенти.
Работата е вратена во нормала на сите одделенија, а најголем наплив на пациенти има на кардиологија, хирургија и ортопедија.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=fNaj4R6y3Ro[/embedyt]
„24“









