Денеска од 18.00 часот ќе се игра првиот осминафинален натпревар на Европското првенство, на „Јохан Кројф“ Арената во Амстердам силите ќе ги одмерат селекциите на Велс и Данска.

Подобриот од дуелот помеѓу Велшаните и Данците во четвртфиналето ќе игра со победникот од мечот помеѓу Холандија и Чешка.

Данска преживеа сè за 270 минути фудбал во групната фаза, со голема помош на навивачите на „Паркен“ ја надмина кризата и покажа дека може да игра многу добар фудбал.

Велшаните стигнаа до полуфиналето на Евро 2016, но за Данска можеби е и „полесен“ патот до пласман меѓу осумте најдобри селекции на континенталниот собир годинава.

Ќе биде ова прва пресметка меѓу овие две репрезентации на големите натпреварувања, а во продолжение погледнете ги веројатните состави за денешниот натпревар:

Велс (4-2-3-1): Вард – Робертс, Мефам, Родон, Б. Дејвис – Морел, Ален – Бејл, Ремзи, Џејмс – Мур;

Данска (3-4-3): Шмајхел – Вестергард, Кјаер, Кристенсен – Маеле, Хојбјерг, Дилејни, Вас – Поулсен, Дамсгард, Брајтвајт.


„Sloboden pecat“