Ирачката влада, вчера објави дека депортирала илјадници странски работници, објави „Anadolu Agency“, пренесе „Dubai-Portal“.
Покрај тоа, 400 компании од приватниот сектор се ќе се соочат со судство, заради непочитување на одлуката за локализирање на работната сила.
„Илјадници странски работници чиј престој беше незаконски и влијаеше врз ирачките можности за вработување се депортирани“, рече министерот за труд и социјала, Адел Ал-Рикаби.
Ирачките закони ги обврзуваат сите компании да вработат ирачки работници за најмалку 50 проценти од нивната работна сила. Сепак, компаниите од приватниот сектор сè уште вработуваат странски работници наместо Ирачани, бидејќи тие прифаќаат пониски плати и работат подолго време.
Ал-Рикаби додаде дека е испратено предупредување до 350 други компании да го спроведат законот во одреден рок. Тој истакна дека и тие ќе бидат упатени на судството, во случај на непочитување.
Ирачаните со години протестираат против високата стапка на невработеност и сиромаштија во земјата. Според најновите податоци на ирачкото Министерство за планирање, стапката на невработеност во Ирак богата со нафта е 27 проценти, додека стапката на сиромаштија е 25 проценти.
„MEMO“
„Dubai-Portal“










