Тунискиот претседател, Каис Саид, изјави дека нема да прифати присуство на никакви странски трупи или воена база во неговата земја. Тој го даде својот коментар во говорот одржан на 65-годишнината од основањето на Туниските национални вооружени сили, пишува „MEMO“ , пренесува „Dubai-Portal“.
Ова се случува неколку недели откако министерот за одбрана Имед Хазги, рече дека Тунис одбива да ја користи својата територија, за спроведување воени операции или за воспоставување странски воени единици или бази.
„Тунис сè уште ја контролира сопствената земја, територијалните води и воздушниот простор и не дозволуваме никаква странска сила да биде присутна во нашата земја“, рече Хазги
Командантот на АФРИКОМ, генералот на американската армија Стивен Таун, изјави дека Америка размислува да испрати единица воени обучувачи во Тунис, поради вмешаноста на Русија во соседна Либија.
„MEMO“
„Dubai-Portal“










