Пратеникчка од најголемата опозициска партија во Турција, „Републиканска народна партија“ („ЏХП“), денес се повлече од функцијата, пишува „MEMO“ , пренесува „Dubai-Portal“.

Зборувајќи пред новинарите во парламентот, Сера Кадигил Сутлу, рече дека ќе се приклучи на „Работничката партија на Турција“.

„Од денес, за да ги бранам вредностите во кои верувам отворено и гласно… се приклучувам на партија што ја гледам многу поблиску до мојот поглед на светот – Работничката партија на Турција“, рече таа.

Сутлу, пратеничка од Истанбул, рече дека причината за нејзиното излегување не е „ниту тепачка, ниту расправија“.

„Се соочувам со чиста идеолошка поделба“, додаде таа.

„ЏХП“ има 135 од 600 места во парламентот, додека „Работничката партија на Турција“ има четири места.


„MEMO“

„Dubai-Portal“