Антиимигрантскиот дискурс што ги дехуманизира раселените лица е во пораст во круговите на данската влада, а најголемиот товар го носат сириските бегалци, пишува „EUobserver“ , пренесува „Dubai-Portal“.
Ова доаѓа отоако парламентот. вчера донесе закон со кој нацијата и дозволува да ги исели барателите на азил од Европа, со цел да ги процени нивните барања за бегалци.
ООН се спротивстави на данскиот закон од страв дека ќе ги наруши правата на бегалците и ќе ги охрабри другите земји на ЕУ да го следат.
Облак од страв и неизвесност лебди над бегалците во Данска, бидејќи нивниот новоизграден живот може да заврши во секој момент.
Во јануари, премиерот Мете Фредериксен, пред парламентот рече дека целта на владата е „да нема баратели на азил, во Данска“.
„Ако поднесете барање за азил во Данска, ќе знаете дека ќе ве вратат назад во земја надвор од Европа и затоа се надеваме дека луѓето ќе престанат да бараат азил во Данска“, изјави Расмус Стоклунд, владиниот портпарол за имиграција.
По десет години криза, раселените Сиријци живеат потешко од кога било. Милиони се принудени да ги напуштат своите домови од 2011 година, барајќи безбедност како бегалци во Либан, Турција, Јордан и европските земји или се раселени во Сирија, според Обединетите нации.
Денес на 13,4 милиони луѓе им е потребна хуманитарна помош, во Сирија.
Спрема статистиката на ООН, од март месец, околу 6,6 милиони живеат ширум светот, 5,6 милиони кај соседите на Сирија.
На почетокот на оваа година, Данска стана првата земја на Европската унија што им го одзеде државјанството на сириските бегалци со образложение дека Дамаск и околните области можат безбедно да се вратат и повеќе не им е потребна меѓународна заштита.
Во април, данските власти затворија живеалиштата на 94 сириски бегалци за една недела, и покрај фактот што ниту ООН ниту другите земји, не го сметаат Дамаск за безбеден.
„MEMO“
„Dubai-Portal“










