Пеп Гвардиола ќе добие екстра засилување ова лето, откако Астон Вила ја прифатила последната понуда од „Граѓаните“ за Џек Грилиш вредна 100 милиони фунти.

Ова го најавуваат медиумите од Англија а трансферот ќе биде реализиран по ЕУРО 2020. Сити на Астон Вила ќе им исплати 80 милиони фунти веднаш и уште 20 милони фунти со дополнителни клаузили.

Грилиш треба да биде директна замена за Бернардо Силва кој се поврзува со заминување од „Етихад“.

Манчестер Сити наскоро се очекува да ја продолжи битката со Јунајтед, за потписот на Хари Кејн кој чини околу 150 милиони фунти.


Dribling