Ненад Лалатовиќ, српскиот фудбалски тренер, нема да го предводи Раднички од Ниш следната сезона затоа што реши да ја прифати профитабилната понуда на Ал Батин, од Саудиска Арабија, пишува „Sputnik“ , пренесува „Dubai-Portal“.

Лалатовиќ претходно ја напушти Војводина, со која минатата година го освои Купот на Србија и потпиша договор со Раднички.

Сепак, нема да има ништо од враќањето во Ниш – Лалатовиќ прифати дарежлива понуда од Саудиска Арабија и го продолжи својот прв странски ангажман.

Поранешниот капитен на Црвена Звезда помина една деценија како тренер во српскиот фудбал, во Срем, Пролетер, Вождовац, Напредак, Звезда, Борац, Војводина, Čукариски и Раднички, а во два наврати беше селектор на помладите категории на репрезентацијата на Србија.


„Sputnik“

„Dubai-Portal“