Важно е Европската унија и Русија да ги одржуваат односите, рече чешкиот премиер Андреј Бабас. За тоа, според него, потребно е да се избере соодветен формат, пишува „Sputnik“ , пренесува „Dubai-Portal“.

„Гледам потреба сите 27 земји од ЕУ да седнат на преговарачката маса. Треба да се договориме за темите на дијалогот, додека директните преговори може да бидат водени, на пример, од претседателот на Франција, канцеларката на Германија, претседателите на Европски совет и Европската комисија”, рече Бабиш.

Бабиш потсети на придонесот на Москва, во решавањето на сериозните светски кризи.

“Соединетите Држави се во дијалог со Русија, зошто не можат ЕУ? Тие играат важна улога во решавањето на разни проблеми, на пример, во Сирија. Треба да се договориме за реконструкција на таа земја (Сирија), да направиме некаков вид на Маршаловиот план за тоа, за што е потребна Руската Федерација“, заклучува политичарот.

Претходно „Bloomberg“ објави дека лидерите на земјите од ЕУ го одбиле предлогот на Германија и Франција да организираат самит со претседателот на Русија, Владимир Путин.


„Sputnik“

„Dubai-Portal“