Откако се официјализира збратимувањето и се потпишаа Меморандуми за соработка помеѓу Општина Струга и Општина Гемлик, се посети подрачното Министерство за образование и наука и на средбата се разговараше за наредни заеднички проекти.
Посетата продолжи со прием кај таткото на регионот Кајмакамот – г. Хасан Гоч каде што се разменија идеи за развојот на општината, а акцентот беше ставен за подобрување на секторот туризам.

Се реализира и посета на еден од најуспешните компании во регионот на Бурса, во сопственост на г. Фахретин Гуленер, кој е и печесен конзул на Република Косово.

Работната посета заврши со прием во Центарот за Култура на Косово во Бурса, во раководство на г.Реџеп Гундуз, кои истовремено беше иницијатор на ова успешна соработка, пишува Општина Струга, на „Фејсбук“.







Општина Струга – Komuna e Strugës










