Алжирскиот уметник, Рашид ал-Кураши, дизајнираше специјални гробишта во Зарсис, Тунис, за „чесно џеназе (погребување)“ на нередовнитe мигранти кои ги загубија своите животи во длабоките води на Медитеранот, обидувајќи се да преминат во Европа, пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.

Кураши, специјализиран за пластична уметност, ја раскажа приказната за гробиштата наречени „Африканска градина“, кои беа направени само за нерегуларните мигранти.

Тој рече дека идејата всушност дошла од нејзината ќерка, откако прочитала статија за тешкотиите што ги доживеале закопувајќи нередовни мигранти во Зарзис, во 2018 година.

Тој и неговата ќерка го посетиле Зарсис за да ги видат предизвиците споменати во статијата. Кога стигнале таму, се увериле во она од статијата и дека има гробишта за на имигранти среде депонија.
Денес, „Африканска градина“ е покриена со 2.500 квадратни метри и е опкружена со sидови, гробовите се украсени со цвеќиња, а има и знаци кои го покажуваат името, полот и датумот на смртта.
Уметникот исто така изјави дека на гробиштата изградиле места за намаз за имигранти од различна религија.
“На овие гробишта има тела на муслимани, христијани и будистички имигранти. На пример, некои од имигрантите кои починаа беа од Бангладеш. За време на процесот на градење, му ветив на Аллах дека сите гробници ќе бидат исти. Сега нема разлика меѓу гробниците“, рече тој.
Уметникот истакна дека тие имаат за цел да им овозможат на семејствата на исчезнати лица да ги најдат своите роднини.
„Ние исто така сакаме да обезбедиме можност да се сретнеме со семејствата и роднините на исчезнатите. Иако досега беа идентификувани само 10 лица на големите гробишта, ова е позитивен развој.“
„MEMO“
„Dubai-Portal“










