Изложба на фотографии од деца кои се убиени во текот на последните израелски напади, организирана е во градот Кан Јунус на југот од Појасот Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Изложбата е поставена на урнатините од куќата на семејството Ес-Сека, што е уништена во израелските напади.

Можно е да е слика од 6 луѓе и надвор

Поставени се фотографии од деца, играчки, кукли, макети од израелските воени авиони што го нападнаа Појасот Газа и клучеви во врати, што го симболизира правото на Палестинците за враќање во сопствената земја.

Можно е да е слика од 8 луѓе и надвор

Изложбата ја посети 13-годишната Суха ал Астал, која рече дека дошла да ги разоткрие израелските злосторства врз невините деца. Многу се плашела за време на израелските напади врз Газа. Како што рече, мислела дека ќе почине како другите деца.

Можно е да е слика од 8 луѓе, надвор и текст

Истакнува дека се надева оти нападите нема да се повторат и дека ќе живеат сигурно.

Потпретседателот на здружението што ја организираше изложбата, Јусуф Бенат, изјави дека невини деца загинаа во нападите на Израел врз Газа и изрази солидарност со нивните семејства.

Берат напомена дека изложбата ја организирале на урнатините од четирикатна зграда што е уништена во израелските напади и во која живееле околу 70 луѓе. Тој ја повика меѓународната заедница да застане со палестинскиот народ и да ги запре злосторствата врз децата.

Во израелските напади врз Газа, кон крајот на мај оваа година, загинаа 254 Палестинци, меѓу кои 66 деца и 39 жени, а ранети се 1.948 лица.


„Anadolu Agency“