Денеска се игра третото коло од групата „А“, со што ќе се знаат и официјално првите патници во 1/8 финалето. Италија, а се чини и Велс е веќе таму, само прашање е кој ќе биде првопласиран, а кој втор на табелата. Токму дуелот Италија и Велс ќе одлучат за првата позиција на табелата. Италија влегува со шест, а Велс со четири бода во пресметката во Рим.

За третото место, и можност за 1/8 финале, Швајцарија игра против Турција во Баку, и потоа да го чека расплетот од другите групи.

Двата меча почнуваат во 18 часот.


„Tv21“