Палестинските власти (PA) ја осудија забраната на Израел (Israel) за повторно обединување на семејство, како „најлош прогон“, што Израел го спроведе против Палестинците, пишува „MEMO“, пренесува Dubai-Portal“.

Во изјавата издадена од Министерството за надворешни работи и емигранти на Парламентарното собрание, Палестинските власти наведoa: „Овој закон е јасен доказ дека Израел (Israel) е држава на апартхејдот, главно затоа што ги одделува членовите на палестинските семејства едни од други“.

Соединување на семејство во Израел (Israel) е закон што го донесе израелскиот Кнесет (Knesset) во 2002 година. Тоа ги спречува палестинските граѓани во Израел, да аплицираат за државјанство за нивните сопруги кои живеат на Западниот Брег (West Bank), Појасот Газа (Gaza Strip) или во странство.

Израел тврди дека оваа забрана е воведена во рамките на безбедносните мерки, но Палестинците тврдат дека тоа е расистички и обидот на Израел да го намали бројот на палестински граѓани.

„Овој закон е форма на етничко чистење што израелската окупација го спроведуваше подолго време врз Палестинците. Соединувањето на палестинските семејства е право загарантирано со меѓународното право и конвенциите, но Израел го узурпира тоа право“, наведоа ПВ.


„MEMO“

„Dubai-Portal“