Monday, April 20, 2026
Home Спорт ЕВРО 2020 Френетична атмосфера, 60 000 гледачи, Унгарија-Франција 1:1

Френетична атмосфера, 60 000 гледачи, Унгарија-Франција 1:1

100
0

Во неверојатна атмосфера, пред 60 000 гледачи на стадионот Ференц Пушкаш во Будимпешта, со нерешен резултат 1:1 заврши првиот натпревар од деветтиот натпреварувачки ден на Европското фудбалско првенство меѓу Унгарија и Франција.

Повеќе од 60 илјади навивачи на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта го поздравија водството на Унгарците преку Атила Фиола. Изедначи Антоан Гризман во 66. минута.

Со средбата Германија – Португалија од 18 часот во Минхен, ќе биде комплетирано второто коло во Ф-групата.


„Denesen“