Репрезентативците на Аргентина со минимални 1.0 го совладаа Уругвај во второто коло од групата А на Копа Америка. Единствениот гол на натпреварот го постигна Гвидо Родригес во 13 минута по асистенцијата на Лионел Меси.

Во продолжение од натпреварот, Уругвајците имаа поголем посед на топката но се успеаја да шутнат ниту еднаш рамките на голот на Мартинез. Од друга страна, Аргентина имаше далеку повеќе шанси, но на крајот мораше да се задоволи само со еден гол кој им донесе три бода за прво место на табелата.
Во следното коло, „гаучосите“ ќе играат против Парагвај, додека Уругвајците ги очекува пресметка против Чиле кој со голотна Бред Беретон со 1:0 ја победија Боливија.


„ Sloboden pecat“