Странските противници на Русија, би можеле да се обидат да ги дискредитираат парламентарните избори во Русија според „белоруското сценарио“, што значи дека резултатите од изборите нема да бидат признаени во светот, предупреди шефот на Работната група на Советот на федерацијата за следење на изборите во Дума, Владимир Џабаров, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.
„Имаме работа со координирана кампања насочена кон дискредитација на парламентарните избори во Русија, од страна на Вашингтон и неговите сојузници“, рече Џабаров додавајќи дека активирањето на таа активност се очекува веќе во јуни.
Странските центри, пред се американските, ЕУ, НАТО и украинските земји, уште пред парламентарните избори во Русија, започнаа активна, обемна и систематска работа за нивно дискредитирање, рече тој, додавајќи дека, очигледно, крајната цел е дискредитација на целата земја, изборен систем во Русија во пресрет на претседателската изборна кампања во 2024 година.
„Според постојните податоци, конкретните деструктивни активности по повод изборите во септември започнаа напролет и се координирани од американскиот Стејт департмент“, заклучи тој.
Да потсетиме, рускиот претседател, Владимир Путин, вчера го потпиша Указот за распишување на изборите за Дума за 19 септември.
„Sputnik“
„Dubai-Portal“.










