Бразилските фудбалери продолжуваат со одлични игри на Копа Америка, а по Венецуела која ја совладаа со 3:0 во првото коло, нова жртва беше Перу, кој претрпе пораз од 4:0, пишува „Telegraf rs“, пренесува „Dubai-Portal“.

Нејмар повторно беше „прва виолина“ на тимот. „Танцуваше“ на теренот и повторно покажа каква мајсторија поседува во нозете.

Ова најдобро го почувствуваа играчите на Перу, со кои играше во една акција и слободно може да се каже дека ги понижуваше, бидејќи им ја туркаше топката низ нозе како што сакаше и ги полудуваше со дриблинзи, што го грубо го фаулираа и сопреа.

Нејмар постигна гол и за 2:0 во 68-та минута, што дополнително го приближи до  рекордо на Бразил по бројот на голови што ги држеше легендарниот Пеле, според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња.

Нејамр заплака на прес-конференцијата по прашањето за Пеле и рекордот до кој е се поблизу, а солзите беа во неговите очи и во изјавата по мечот за ТВ-камерите.

„Овие бројки не се ништо друго освен целата радост што ја чувствувам кога играм за Бразил и ја претставувам својата земја. Во овој момент, сите поминуваме низ тежок период, мило ми е што сум пример за некои луѓе. Ја сакам приказната што ја пишувам со Бразил, сакам моето семејство и пријателите да бидат горди. Се надевам дека секој што ја сака оваа игра е горд на мене бидејќи бројките не значат многу, единствено што е важно е гордоста што ја чувствувам кога го претставувам Бразил“, расплакано изјави Нејмар.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=u9LY7_kRiRw[/embedyt]

Голот на Нејмар и неговите зборови го допреа и Пеле, кој му се обрати преку социјалните мрежи.

„Секој пат кога ќе го видам ова момче, насмеан е. Невозможно е да не се насмевнете и вие. Заразно е. Јас, како и сите Бразилци, секогаш сум среќен кога го гледам како игра фудбал. Денес тој направи уште еден чекор кон мојот рекорд во репрезентацијата. И навивам тој да стигне таму, со иста радост како кога го видов за прв пат“ ова се зборови што особено го трогнаа Нејмар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)


„Telegraf rs“

„Dubai-Portal“