Иранците денеска ќе гласаат на претседателски избори. Поранешниот ирански претседател Хасан Рохани ги повика своите сонародници да бидат активни и да гласаат.

Иранците ќе можат да го искористат своето право на глас на 67.000 избирачки места организирани на отворено, заради пандемијата на коронавирусот. Ќе се почитуваат правилата за социјално растојание и ќе се носат маски. Гласачите беа повикани да носат пенкала.