Етиопија ја повтори својата намера да продолжи со второто полнење на нејзината Голема ренесансна брана, нагласувајќи дека нема да има промени во распоредот, пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.

Ова се појави во изјавата издадена од министерот за вода, наводнување и енергија на Етиопија, Селеши Бекеле, во вторникот, заедно со состанокот што го одржа Советот на арапски министри на барање на Египет и Судан. Арапските власти ја повикаа Етиопија „да се воздржат од какви било унилатерални мерки што им штетат на водните интереси на Египет и Судан.“

Претходно, Каиро се закани дека ќе се обрати до Советот за безбедност на ООН доколку продолжи „непопустливоста на Етиопија“, во досието на браната.

Бекеле по состанокот на Советот на министри на Источен Нил (ENCOM), одржан во Адис Абеба, во вторникот, рече дека „ништо нема да се промени во врска со полнењето на браната, бидејќи е во согласност со градежните работи во претстојната дождовна сезона“.

„Вториот процес на полнење ќе продолжи, бидејќи нема никаква врска со ниту едно друго прашање“, додаде тој.

„Овој пристап е многу јасен за сите крајбрежни земји и ништо нема да се промени бидејќи треба да продолжиме да работиме соодветно“, додаде Етиопскиот службеник.

На крајот од состанокот одржан во Доха, арапските министри за надворешни работи изразија „голема загриженост во врска со најавата на Етиопија за намерата да се започне со втората фаза на полнење на резервоарот на браната за време на годинешната дождовна сезона [јули и август], без постигнување договор за полнење и работа на браната. “

Министерството за надворешни работи на Етиопија, реагираше изразувајќи вознемиреност во однос на позицијата и го проследи своето „целосно отфрлање“ на забелешките на арапските министри за надворешни работи.

Министерот за надворешни работи на Египет, Самех Шукри, за „Al Jazeera“, во понеделникот изјави дека неговата земја ќе побара состанок на Советот за безбедност на ООН доколку продолжи „тврдоглавоста на Етиопија“ во врска со досието за ренесансната брана, бидејќи преговорите застојуваат со месеци.

Етиопија е во процес на полнење на својата 5 милијарди долари Големата етиопска ренесансна брана (GERD), во близина на границата со Судан, што според неа ќе и обезбеди на земјата многу потребна електрична енергија и економска обнова. Египет верува дека ќе го ограничи пристапот до водите на Нил.

Египет е скоро целосно зависен од водата од Нил, примајќи околу 55,5 милиони кубни метри годишно од реката, и верува дека полнењето на браната ќе влијае на водата што му е потребна за пиење, земјоделство и електрична енергија.

Каиро сака Етиопија да гарантира дека Египет ќе добие 40 милијарди кубни метри или повеќе вода од Нил. Министерот за наводнување на Етиопија Бекеле, рече дека „Египет се откажал од ова барање, но Египет инсистира дека тоа не го сторил и издаде изјава за тоа.“


„MEMO“

„Dubai-Portal“