АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека оние кои ги поддржуваат терористичките организации и ги охрабруваат, порано или подоцна ќе сфатат дека прават голема грешка, јавува Агенција Анадолија (АА).
По посетата на Азербејџан, Ердоган одговараше на прашањата на новинарите.
„Историска грешка е да се претпочитаат терористичките организации против кои се бори сојузникот, наместо да се биде со сојузникот кој е цел на тероризмот“, изјави Ердоган.
Тој истакна дека на американскиот колега Џо Бајден на неодамнешниот Самит на НАТО му кажал дека не очекува дека Анкара ќе го промени ставот за прашањето во врска со авионите Ф-35 и противракетните системи С-400.
„По американската одлука за повлекување од Авганистан, Турција тука може да преземе многу поголема одговорност“, изјави Ердоган.
Тој исто така истакна дека Русија помогнала во отворањето на коридорот Зангезур меѓу западниот дел на Азербејџан и автономниот регион Накчиван, додавајќи дека наскоро ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин.
Тој ја искоментира и кампањата за вакцинација против Ковид-19 во Турција.
„Интензивната вакцинација придонесе за олеснување на многу полиња. Се надевам дека и ние во септември, октомври, ќе имаме произведено сопствена вакцина“, истакна турскиот претседател.
„Anadolu Agency“










