Екстремно десничарската Демократска партија, денеска поднесе иницијатива за недоверба на премиерот Штефан Левен, што доколку биде усвоено, може да доведе до предвремени избори или формирање преодна влада што би функционирала сè додека не се одржат редовните избори следната година, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.

Последниот потег беше направен откако Левичарската партија објави претходно, дека повеќе нема да го поддржува Левен, кој е на чело на малцинската коалиција од изборите во 2018 година, затоа што тој се спротивставува на планот на владата за укинување на контролата над закуп на новоизградената станови, пренесува „Ројтерс“.

„Ако имаме можност да ја замениме оваа штетна влада, ќе го сториме тоа“, рече Хенрик Винге, лидерот на Демократската партија, на прес-конференција.

Политичката сцена во Шведска е сериозно поделена од изборите во 2018 година.

Премиерот Штефан Левен, ја предводи малцинската влада на левиот центар, која се потпира на поддршката на Левичарската партија и на уште две други партии на десниот центар.


„Sputnik“

„Dubai-Portal“