Обединетите нации (ОН) соопштија дека по воениот удар во Мјанмар, 1 милион луѓе имаат потреба од помош поради тековните конфликти меѓу Армијата и групите против пучот и економските проблеми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во извештајот подготвен од Канцеларијата за координација на хуманитарната помош на ОН, споделени се податоците за најновата состојба во областите погодени од конфликтот во Мјанмар.

Во извештајот е забележано е дека досега 160.400 цивили ги напуштиле своите домови поради конфликтите во југоисточните држави на Мјанмар, а од таа бројка 100.000 се раселени од државата Кајах.

Исто така се истакнува дека поради безбедносни проблеми хуманитарна помош не може да им се достави на цивилите кои се засолнети во пошумените и планинските области во овие региони.

Меѓу другото, се додава дека поради политичката нестабилност, конфликтите и негативните ефекти од пучот врз економијата на земјата, околу 1 милион луѓе имаат потреба од помош.

Во рамките на помошта иницирана од ОН за оние лица кои имаат потреба известено е дека се планира да се испорача хуманитарна помош од вкупно 276 милиони американски долари на 944.000 луѓе, но дека досега се собрани 49 милиони долари.

– Воен удар во Мјанмар

Армијата на Мјанмар ја презеде власта во земјата на 1 февруари и прогласи воена состојба во траење од една година. Беа притворени претседателот Вин Минт, челничката на земјата, Су Чу, како и останатите водечки членови на владејачката партија Национална лига за демократија (НЛД).

Како резултат на интервенцијата на Армијата на Мјанмар против противниците на државниот удар 865 лица го загубија животот.

Додека во земјата се одржуваат демонстрациите што започнаа на 6 февруари со барање за враќање на демократијата, продолжува судењето на приведените високи државни функционери пред Воениот суд.

Anadolu Agency