Денеска се играат три натпревари во рамките на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020, известува Агенција Анадолија (АА).

Седмиот ден од натпреварите по групи на ЕВРО 2020 се играат три натпревари.

– Група Ц

Во групата Ц се среќаваат репрезентациите на Украина и на Македонија. Натпреварот започнува во 15:00 часот и ќе се игра на Стадионот „Национална арена“ во Букурешт, главниот град на Романија.

Досега овие две репрезентации се сретнале четирипати. Украина извојува победа на два натпревари, еден натпревар заврши без победник, а Македонија победи на една средба.

Во групата Ц денеска се игра уште еден натпревар во кој се среќаваат репрезентациите на Холандија и Австрија. Средбата се игра на Стадионот „Јохан Кројф арена“ во Амстердам, со почеток во 21:00 часот.

Овие две репрезентации досега имаат одиграно 18 меѓусебни натпревари. Холандија победи осумпати, четири натпревари завршија нерешено, а Австрија успеа да победи шестпати.

– Група Б

Третиот натпревар што ќе се игра денеска е меѓу репрезентациите на Данска и Белгија во групата Б. Овој дуел ќе се игра на Стадионот „Паркен“ во Копенхаген, Данска, со почеток во 18:00 часот.

Репрезентациите на Данска и Белгија досега имаат одиграно 15 меѓусебни средби. И двете репрезентации имаат извојувано по шест победи, а три средби завршиле без победник.

– Италија ја совлада Швајцарија, Велс подобар од Турција

Вчера се одиграа три натпревари од групната фаза на ЕВРО 2020 во фудбал.

Во 15:00 часот се одигра натпреварот меѓу репрезентациите на Финска и Русија. Русија извојува победа од 1:0 благодарение на погодокот што Алексеј Миранчук го постигна во судиското продолжение на првото полувреме во 45.+2. минута.

На втората средба што се одигра вчера настапија репрезентациите на Турција и Велс. Велшаните извојуваа победа од 2:0, а погодоците ги постигнаа Арон Ремзи во 42. минута и Конор Робертс во 90.+5. минута. Герет Бејл во 61. минута од средбата го промаши ударот од белата точка.

Дуелот меѓу репрезентациите на Италија и Австрија се одигра во 21:00 часот. Италија ја совлада Австрија со 3:0, а головите за Азурите ги постигнаа Мануел Локатели во 26. и 52. минута и Чиро Имобиле во 89. минута од средбата.

Anadolu Agency