Ирската авиокомпанија „Рајан ер“ ќе ја тужи Велика Британија поради нивните строги мерки за меѓународното патување, надевајќи се дека со тоа ќе ги примораат властите да ги олабават рестрикциите кои ги воведоа за заштита од Ковид-19.
На „Рајан ер“ им се придружи групацијата Манчестер Аирпортс Груп („МАГ“), а тужбата кон високиот суд на Англија би требала да се предаде денеска, барајќи појаснување за одлуките за донесување такви строги мерки, пренесуваат „МАГ“.
Авиокомпаниите стравуваат дека на една недела од почетокот на летната сезона, поради новите строги мерки на британската влада, тие можат и ова лето да се во голема загуба.
Британците уште од Мај ги дозволија патувањата, но бројни популарни туристички земји се најдоа на забранетата листа за патување, како што се Шпанија, Франција, Грција, САД и Хрватска, класифицирајќи ги во жолтата боја на својот „семафор“ за патување.
Жолтата боја значи дека луѓето што ќе ги посетат овие земји, кога ќе се вратат во Британија ќе мора да седат десет дена во карантин, како и неколку пати да прават тест за Ковид-19.
„Sloboden pecat“









