Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе престојува во работна посета на Турција, по повод учеството на Самитот на Претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа, што ќе се одржи во Анталија.
Предвидено е претседателот Пендаровски да има свое обраќање на самитот, а ќе има билатерална средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Претседателот ќе има средба и со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел.
Во петок, 18 јуни, претседателот Пендаровски ќе учествува на Анталија дипломатскиот форум кој се одржува за прв пат под мотото „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“. На форумот, претседателот Пендаровски ќе говори на претседателската панел дискусија на тема „Како да ја зајакнеме регионалната солидарност во светло на научените лекции“.










