ТУРЦИЈА: Запленет еден тон кокаин сокриен во контејнер со банани

by Administrator

Царинската служба на Република Турција заплени еден тон кокаин пронајден во товарен брод што пловел од Еквадор кон пристаништето Мерсин. Кабинетот на гувернерот Мерсин соопшти дека дрогата била скриена во контејнер со банани, јавува Anadolu Agency (AA).

„Запленети се илјада пакувања килограми кокаин, а претресот на бродот и опсежната истрага се уште траат“, се вели во соопштението. Министерот за трговија на Република Турција, Мехмет Мус, на Твитер им честиташе на цариниците за успешната операција и изјави дека тоа е најголемата заплена на кокаин во Турција.

(Вијести.ба / ФЕНА)

You may also like