Во HOFU во Баварија, на излогот на една продавница  од неодамна поставен е натпис: „Пристап само за невакцинирани лица“. Според магазинот Феникс, со забелешка на излогот, сопствениците на продавницата за традиционални носии (Трахтеладен) во Хоф сакаат да појаснат кој е добредојден во нивната продавница: „Ве молам, разберете – пристап само на невакцинирани лица“

Според сопствената изјава, тие сакаат да ја „заштитат“ својата специјализирана продавница Trachtenlod’n Wolperdingar, која ја водат од 2015 година. „Се чувствуваме непријатно од луѓето кои биле вакцинирани“, изјавил сопственикот Шулер за inFranken.de. Знакот виси на продавницата од минатиот вторник. „Ние остануваме на нашето мислење, без оглед што мислат другите за тоа“, нагласил Шулер. Тој додава дека не верува во вакцини против корона затоа што, како што вели, „не биле тестирани“. „Не веруваме во овој лек“, вели тој.

„Ние сме здрави веќе година и пол, сакаме и да останеме здрави“ Сопствениците тврдат дека ја преживеале пандемијата без инфекција и дека сакаат таа да остане така. „Ние сме здрави една и пол година и сакаме да останеме така“, рекол Шулер. Според нив, нивната трговија речиси пропаднала поради короната. „Ние сме мала сезонска продавница и минатата година имавме пад на продажбата за 90 проценти“, посочува Шулер. Сега кога им е овозможена работата, тие велат дека сакаат да испратат јасна порака за тоа што мислат.