Шпанија, каде што мора да се носат маски на отворено од крајот на првиот бран на пандемијата, наскоро ќе ја укине мерката, вети премиерот Педро Санчез.
„Наскоро ги напуштиме маските на улиците“, рече денеска Санчез на економскиот форум организиран по повод посетата на јужнокорејскиот претседател Мун Џае на Шпанија.
Санчез не даде прецизен датум, но главниот епидемиолог од Министерството за здравство Фернандо Симон неодамна го спомена крајот на јуни или јули како можни датуми за укинување на тоа строгото правило. Маска мора да носат на отворено сите над шест години.
Со повеќе од 80.000 смртни случаи и 3,7 милиони случаи од почетокот на пандемијата, Шпанија е една од најпогодените европски земји. Но, бројот на нови случаи нагло опадна во последните неколку недели, благодарение на напредокот во кампањата за вакцинација, пишува „France press“.
Според последните владини податоци, 13 од скоро 47 милиони Шпанци се целосно вакцинирани, што претставува 27,4 проценти од населението, додека 45,8 проценти примиле барем една доза.
„Sloboden pecat“









