На барање на администрацјата на американскиот претседаел Џо Бајден, Палестинските власти формираа преговарачки тим кој ќе се справи со новата израелска влада, израелскиот „Channel 12“, пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.

Каналот цитираше „висок“ претставник на палестинската управа, дека за време на разговорите со новата израелска влада ПВ ќе побараат враќање на ситуацијата што постоела на Западниот Брег, пред втората Интифада, вклучително и запирање на израелската армија од инвазијата во областа „А“.

Според извештајот, преговарачкиот тим на ПВ ќе побара и проширување на својата улога во областите „Б“ и „Ц“, особено кога станува збор за безбедносни прашања и да се преземат „мерки за градење заемна доверба со цел да се зачува можноста за спроведување на билатерална држава решение“.

Во извештајот се наведува дека Белата куќа работела на формирање на палестинскиот преговарачки тим и пред падот на владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, и штом стана јасно дека новата влада ќе го преземе кормилото во Израел, тоа се забрза координација за нејзино формирање „што е можно поскоро“.

Каналот соопшти дека администрацијата на Бајден е „заинтересирана за отворање на израелско-палестински канали за дијалог, преку министерот за одбрана Бени Ганц, министерот за надворешни работи и алтернативниот премиер Јаир Лапид, а не преку новиот израелски премиер Нафтали Бенет“.

Ултранационалист Бенет, претходно изјави дека не треба да се формира палестинска држава западно од реката Јордан. Додавајќи дека тоа би било штетно за постоењето на Израел, доколку се воспостави.

Во извештајот се додава дека американската администрација има намера да го назначи Хади Амр, заменик помошник секретар за Израел и Палестина, за свој претставник во преговорите, а можеби и за генерален конзул во Ерусалим.

Израелскиот министер за одбрана Ганц, изјави за време на разговорите со американски официјални лица, вклучувајќи го и министерот за одбрана Лојд Остин, дека ќе работи „на зајакнување на палестинските власти и умерените актери во регионот“.

Израелскиот весник „Maariv“. во вторникот објави дека најважното прашање со кое се соочува новата израелска влада е дека „Ганц мора да ги одржува односите со палестинските безбедносни служби, да се подготви за денот по заминувањето на палестинскиот претседател Махмуд Абас и да ги испреплети стратешките односи со Американците, кои се занимаваат со зајакнување на палестинските власти“.

Новата израелска влада положи заклетва во неделата на чело со Бенет и Лапид, кои ќе го делат премиерско место. Осум партии формираа коалиција во која нема многу заедничко освен волјата за соборување на најдолготрајниот израелски премиер, Бенјамин Нетанјаху.


„MEMO“

„Dubai-Portal“