Човек кој купувал во супермаркет во американската држава Џорџија, пукал и убил касиерка, поради расправија околу маската за лице. Во пукањето ранет бил и заменик-шерифот, соопштија локалните власти, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.
Виктор Ли Такер (30) пукал во касиерката на супермаркет со пиштол, а потоа учествувал во пукањето со заменик-шерифот, во кој и двајцата биле повредени, се вели во соопштението на полицијата во Џорџија, пренесува „Reuters“.
Такер и ранетиот заменик се во стабилна состојба, а касиерката која била погодена од куршум, им подлегнала на повредите на самото место.
Не беа дадени детали за спорот меѓу Такер и касиерката, а полицијата изјави дека го уапсила ранетиот напаѓач додека тој се обидувал да се провлече низ влезната врата на супермаркетот.
„Sputnik“
„Dubai-Portal“







